Ѓоковиќ не успеа да дојде до ново финале, поради повреда го предаде полуфиналето

325

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен во Мелбурн, откако по првиот загубен сет во полуфиналниот меч со Александар Зверев од Германија, реши да се повлече.

Ѓоковиќ го предаде мечот откако го загуби првиот сет во тајбрејк 7:5, по час и 21 минута. По 11. гем Ѓоковиќ зема лек против болки, бидејќи имаше проблеми со повредата на бутниот мускул со која се здоби во четвртфиналето против Шпанецот Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ по 12-ти пат играше во полуфиналето на Австралија опен и се обидуваше да го освои својот 11-ти трофеј. Зверев првпат во кариерата е во финалето на Австралија опен. Противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу италијанскиот тенисер Јаник Синер и Американецот Бен Шелтон.

ПретходноМитев: Дојдовме да победуваме, а не да губиме!
СледноЛејкерс го добија дербито со Бостон, Јокиќ со нов трипл-дабл за нов триумф на Нагетс