Сантос го убеди Нејмар, се чека само согласност од Ал Хилал

99

Угледниот бразилски медиум, „Глобо Еспорте“ пишува дека бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е блиску до враќање во Сантос. Бразилскиот клуб планира да го објави враќањето на својот поранешен фудбалер пред крајот на јануари.

Сантос веќе преговара со спонзорите за зголемување на договорите и заедно со техничкиот партнер Умбро се подготвува да го објави новиот дрес на Нејмар. Во исто време, Нејмар и Ал-Хилал се уште не го раскинале договорот. Саудискиот клуб сака да го намали износот на исплатите на играчот.

Ал Хилал ќе го ослободи Бразилецот доколку се намали износот на платите и се продолжи рокот за плаќање.

ПретходноКирил Лазаров ги издржа сите ниски удари, остана исправен и создаде воини!
СледноДенеска на СП: Хрватите мораат да го совладаат Исланд