Денеска на СП: Каков ќе биде патот на Македонија, ќе биде познато уште на првата средба во Вараждин

1414

Македонската ракометна репрезентација вечера во игра последниот меч од главната рунда на Светското првенствп. Нашите момци се во игра за пласман во 1/4 финалето, но патот е тежок и речиси невозможен.

За чудо на СП, математиката вели:

*Ако ја победиме Франција, треба да чекаме Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај ќе решава гол-разликата.

Комбинациите за четвртфинале на ова Светско првенство се спротивни од оние за за крајниот пласман.

За да Македонија остане во игра за пласман од 13. до 16. место ќе и биде потребна победа на Холандија против Австрија, меч кој се игра во 15:30 часот. Доколку ова сценарио се оствари во тој случај пак Македонија нема да може да се надева на пласман во Топ 8.

Натпреварот меѓу Катар и Унгарија е втор на програмата во Вараждин Арена. Тука ќе биде добредојдена победа на тимот на Веселин Вујовиќ, која нема да го загрози нашиот статус за освојување на најмалку четвртото место.

ПретходноЖалосна вест: На 73 години почина легендарниот Дражен Далипагиќ!
СледноЛазаров: Нема да се предадеме, ќе се бориме, па ќе видиме до каде сето тоа ќе не доведе!