Експедицијата на Шкендија, составена од фудбалерите, стручниот штаб на чело со Јетон Беќири и дел од раководството на клубот, од денеска е во Анталија каде што ќе ја одработи главната фаза од тековните зимски подготовки за пролетната полусезона.
Утринава Шкендија “летна“ за Анталија за да околу 11 часот пристигне во својата зимска база по познатиот туристички центар во Турција.
Тетовци покрај вообичаените тренинзи ќе одиграат и неколку пријателски средби меѓу кои и таа со Динамо Киев на 6 февруари, која ќе биде своевидна “генералка“ за пролетниот дел.
Досега оваа зима Шкендија се “тестираше“ со Беласица (4:0) и со Тиквеш (2:1)