Баерн продолжи победнички, Баер (Л) со бод од Лајпциг

72

Фудбалерите на Баерн (М) ја продолжија победничката серија во Бундеслигата и на гостувањето кај Фрајбург славеа со 1:2 за да ја зголемат предноста на врвот на табелата пред главниот конкурент Баер (Л) на 6 бода. Причина за тоа е ремито на „фармацевтите“ на гостувањето кај Лајпциг од 2:2.

Баерн (М) дојде до триумф со головите на Кејн и Ким, додека Баер (Л) иако имаше предност кај Лајпциг и од 0:2. Упорните домаќини до крајот успеаја да се изборат за реми.

Борусија (Д), пак, не успеа да слави дома против Вердер иако имаше предност од 2:0. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе по црвениот картон на Шлотербек и на крајот израмнија за конечни 2:2.

Мајнц со 2:0 го порази Штутгарт, додека Аугзбург со 2:1 го победи Хајденхајм.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноХоландија и Австрија одиграа без победник: Еве што и треба на Македонија за да заврши на 4-место!
СледноПрва канадска победа на легендарниот спуст во Кицбил