Италијанската скијачка Федерика Брињоне победи на спустот од Светскиот куп кој се возеше денеска во Гармиш-Партенкирхен и ја зголеми предноста во генералниот пласман во Светскиот куп.
Брињоне победи со време од 1:35,83 минути и го постигна петтиот триумф сезонава, а вкупно 32-ри во Светскиот куп. Второто место го зазеде нејзината сонародничка Софија Гоџа, а Швајцарката Корин Зутер го освои третото место.
Во генералниот пласман на Светскиот куп, Брињоне има 739 бодови, 110 повеќе од Гут-Бехрами, а трета е Швајцарката Камил Раст со 562.