Во Штип одржан судиски семинар за одбојкарските судии и делегати

98

Во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија во хотел „Оаза“ во Штип се одржа полугодишниот судиски семинар за натпреварувачката сезона 2024/2025.

На семинарот кој беше од задолжителен карактер присуствуваа голем број на млади, но и искусни судии и делегати, а меѓународниот одбојкарски судија Орданчо Амбарков беше главен предавач на темата „Овластувања и должности на втор судија за време на одбојкарски натпревари.“

Тема на дискусија беа и актуелни ситуации од натпреварите во националните првенства со кои се имаат соочено официјалните лица.

Судиската организација се подготвува за вториот дел од сезоната и преку ваквите семинари работи на подигање на квалитетот на “интерпретација на судиските правила” на одбојкарските терени.

ПретходноРушевиќ повторно во дресот на Работнички
СледноРетеги со два гола за пресврт и победа на „Божицата“ во Комо