Голманот на Шалке заработува трипати помалку од својата сопруга која е спортска новинарка!

1162

Беше член на Ливерпул, Бешикташ, беше и голман на Њукасл, а од пред неколку дена потпиша за Шалке. Фановите на Ливерпул не можат да го смислат, познат е како најголем киксер меѓу голманите.

Се разбира дека тоа е Лорис Кариус, кој сега е “главен“ не поради своите одбрани, туку поради тоа што сопруга му е преубавата Дилета Леота, најпознатата спортска новинарка во светот.

Сето ова е познато, но внимавајте на следното.

Имено Кариус потпишал договор со Шалке, барем така пренесуваат медиумите во Германија, за 7.000 евра неделно или нешто помалку од 30.000 месечно или нешто повеќе од 300.000 евра годишно.

И таа сума е трипати помала од онаа која ја зема неговата Дилета Леота, која има договор со една ТВ куќа за следење на мечевите во Серија А, а тој нејзин договор вреди еден милион евра.

Ете на што спадна Кариус!

ПретходноКостески: Нема подобро чувство кога гледаш дека цела нација е со тебе! Сакаме да одиграме уште еден добар меч!
СледноКарачиќ: Исланд го добивме вечерта пред мечот, како и зошто не откривам!