„За 200 години, ако човештвото опстане, ќе се зборува за Новак Ѓоковиќ!“

578

Познато е што се случуваше во полуфиналето на АО, кога по првиот сет и тоа поради повреда, Ниовак Ѓоковиќ го предаде мечот и со тоа Александер Зверев се пласираше во големото финале.

И се разбира по тоа почна хајката против најдобриот тенисер во историјата, кои сметаат дека Новак тоа не требало да го направи.

Јасно е дека ако Србинот не бил толку повреден и со толку големи болки, немаше да се откаже.

Па зарем тој не го посакува својот 25-ти гренслем во кариерата.

Интересно, во негова одбрана застана Хозе Морон, еден од најпознатие шпански новинари кои се специјализирани за тенис.

Тој покрај другото го напиша и ова:

Жално е тоа што се случи во Мелбурн, тие исвиркувања. Тој е легенда на тенисот, со тие свирежи како да сакаше да се каже дека Новак ја сакал таа повреда да му се случи. Неверојатно. Според мене за 200 година, се разбира ако човештсвото опстане, ќе се зборува за Новак Ѓоковиќ. Како тој бил најдобар во историјата, како тоа со 37 години победувал тенисери кои се помлади од него 16-17 години“ посочи Шпанецот.

ПретходноОФМ на Генералното собрание на БВА, Малта бара прием во балканското семејство
СледноМанчестер Јунајтед и Челзи преговараат за размена: Гарначо за Нкунку