Хрватска одигра неверојатен натпревар против Исланд го победи со шест гола разлика (32-26) и остана во игра за пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Пред полни трибини во Арена, хрватските ракометари играа како во транс.
Игор Карачиќ кој беше дополнително повикан, пред новинарите откри дека Исланд бил победен уште во четврткот вечер,
„Знаете кога го победивме Исланд; во четвртокот навечер, на вечера, по вечерата“, рече Карачиќ, додавајќи: „Тогаш го победивме. Оние што го читаат ова можеби нема да разберат, но моите соиграчи ќе разберат. Тогаш го добивме овој натпревар. „Сигурен сум во тоа. Што и како… тоа нека остане наша приказна“, изјави Карачиќ.
Карачиќ кажа на шега рече дека Дувњак веќе го нервира. Тие играат заедно околу 20 години, а хрватскиот капитен ја прокоментира нивната врска по мечот со Исланд.
“Со Карачиќ играм од јуниори. Тој има срце големо како Хрватска. Не беше во комбинациите, а кога дојде повикот, го спакува куферот и дојде. Тоа го можат само великаните“, рече Дувњак.