Шок на овие простори утринава и воопшто во кошаркарскиот свет, На 73 години почина Дражен Далипагиќ, еден од најдобрите кошаркари во историјата, икона на Партизан, во свое време најдобриот кошаркар во Европа и секако во екс – Југославија.
Со Драган Кичановиќ беа победнички тандем во Партизан и секако во репрезенатацијата на тогашната држава, беа дел од една голема екипа која прости си поигруваше со сите, па и со онаа страшна селекција на СССР предводена од Гомељски.
За Праја за медиумите во Србија свој коментар имаше токму и славниот Кичановиќ:
“Ужасна вест. Неизмерно сум тажен. Бевме заедно во Партизан и во репрезентацијата 12 години. Беше голем играч, ненадминлив. А беше и фантастична личност. Ова се моменти на тага. Не знам што друго да ви кажам, просто занемев. Праја во вистинска смисла на зборот беше легенда. Такви луѓе ретко се раѓаат. За раскошот на неговата игра илузорно е сега да се говори. Беше еден од милион. Магионичар. Брат. Другар. Вечно ќе го паметам“ истакна Кича.