Костески: Нема подобро чувство кога гледаш дека цела нација е со тебе! Сакаме да одиграме уште еден добар меч!

237

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство. Кирил Лазаров и неговите момци за противник ја имаат селекцијата на Франција, еден од главните фаворити за златниот медал на овој шампионат.

Од другата страна нашите момци на Мундијал ги надминаа очекувањата на сите, во групнат фаза запишаа реми против Унгарија и победа против Гвинеја, додека во главната рунда го победиј Катар и завршија нерешено против Австрија.

Иако пред себе имаат навистина силна репрезентација сепак тие сакаат на најдобар можен начин да го затворат овој дел од Мундијалот. Да докажат дека Македонија во иднина може да биде горда на нив.

„Добро знаеме која е Франција, за каква репрезентација станува збор. Се спремавме и ги анализиравме. Играме против една селекција која според мене ќе стигне до финале на Светското првенство, играме против мега ѕвезди.

Сакаме да го дадеме нашиот максимум на последниот меч, да покажеме уште една фантастична игра и да потврдиме дека на ова Светско првенство сите имаа можност да гледаат една друга Македонија која оствари еден добар успех.

Останува да уживаме. Против нив влегуваме без притисок, што пак ќе придонесе да прикажеме уште една добра игра, ќе пробаме да ги изненадиме и да ги измачиме“, ни изјави Ненад Костески. 

Десното крило потенцира дека поддршката која на овој шампионат ја уживаат ги прави плетни, им дава дополнителна енергија во секоја битка.

„Секоја поддршка е добредојдена, нема подобро чувство кога гледаме дека цела нација е горда на сите нас. Нивната поддршка ни дава енергија плус да се покажеме во уште подобро светло на секој следен меч“, додаде Костески. 

Македонија може да стигне до четвртфинале, но за тоа потребни се неверојатни комбинации. Она што останува да видиме е дали ќе успее да се пласира од 13. до 16. место.

ПретходноНБА-лига извади неверојатен податок за Никола Јокиќ
СледноГолманот на Шалке заработува трипати помалку од својата сопруга која е спортска новинарка!