Лазаров со нова измена во составот: Деби на Галевски на СП против Франција

472

Македонската ракометна репрезентација во последниот меч од главната рунда на Светското првенство ќе ги одмери силите со Франција, дуелот стартува во 20:30 часот.

Кирил Лазаров и за оваа средба направи промени во составот, шансата за деби ќе ја чека младиот голман Иван Галевски, тој пред два дена беше пријавен во списокот на Македонија, а сега веќе е во комбинација за Франција. Тој доаѓа на местото на Марко Кизиќ. На трибините ќе бидат Александар Петковски и Валентин Карасманакис.

ПретходноНадежта за 1/4 финале заврши: Еве што и треба на Македонија за да остане 4-та во група!
СледноНаполи го доби дербито со Јувентус