Ливерпул рутински против Ипсвич, Калафиори за радост на Арсенал

61

Ливерпул оствари сосема очекувана и убедлива победа над Ипсвич во еден од најинтересните попладневни дуели во 23. коло во Премиерлигата. „Црвените“ славеа со 4:1 во дуелот со Ипсвич и останаа лидери на табелата, пред Арсенал, кој денеска со многу мака на гостувањето кај Вулверхемптон успеа да победи со 0:1.

Головите за Ливерпул на дуелот со Ипсвич ги постигнаа Собослаи, Салах и два гола на Гакпо, додека победничкиот гол за Арсенал беше дело на Калафиори.

Борнмут со 5:0 го растури Нотингем Форест, додека екипата на евертон оствари злато вредна гостинска победа кај Брајтон од 0:1. Голот вреден три бода за „сините“ од Ливерпул го постигна Ндаје од пенал.

Њукасл со пресврт го победи Саутемптон со 1:3. Гостите поведоа, но на сцена стапи Исак со два гола, а потоа и еден на Тонали за комплетен триумф на гостите.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПрва канадска победа на легендарниот спуст во Кицбил
СледноНов кикс на “јорганџиите“, само бод со Виљареал среде Мадрид!