Македонската ракометна репрезентација и официјално го заврши својот настап на Светското првенство. Во последниот меч од главната рунда нашите момци беа поразени од еден од кандидатите за освојување на златен медал, селекцијата на Франција со 32-25.
Кирил Лазаров и неговите избраници се држеа до некаде до средината на првото полувреме, а потоа по два нереализирани пенали и грешки, Франција го превзема водството, беше тешко да се направи било повеќе.
Македонија и покрај поразот останува на четвртото место на табелата, а ова значи дека според последните пресметки и споредувањето со гол разликата со останатите селекции кои треба да завршат на оваа позиција, ќе го освои 15. место. Ова е четвртти најдобар пласман на македонската репрезентација. Најдобриот е деветтото место во 2015 година. На 15-та позиција, Македонија заврши во 2017 годинаи во 2019 година, но тогаш играше Президент Куп.