Манчестер Јунајтед и Челзи преговараат за размена: Гарначо за Нкунку

151

Манчестер Јунајтед тргна во поход на Кристофер Нкунку од екипата на Челзи. Според информациите на „Скај Спортс“, „црвените ѓаволи“ го бараат напаѓачот на лондончани на позајмица.

Челзи и онака одбива секаков вид преговори за негова продажба, па се чини дека една од опциите за Нкунку да се пресели на „Олд Трафорд“ е позајмица на 6 месеци, но втората опција е размена.

Според Флоријан Плетенберг, клубовите ја разгледуваат и можноста за размена на Алехандро Гарначо за Кристофер Нкунку. Засега нема конечна одлука за ова прашање, но веќе е разговарано за идејата за размена.

Оваа сезона Нкунку одигра 18 натпревари во Премиер лигата и постигна 2 гола. Гарначо се помалку ја има довербата кај Аморим и секако би сакал да ја промени средината.

Претходно„За 200 години, ако човештвото опстане, ќе се зборува за Новак Ѓоковиќ!“
СледноКичановиќ за Далипагиќ: Праја беше вистинска легенда, голем играч и фантастична личност!