Македонската ракометна репрезентација брои часови до последниот меч од главната рунда на Светското првенство. Противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Франција која обезбеди пласман во четвртфиналето.
На сите во тимот им е јасно дека ги чека најтешкиот предизвик, но немаат намера да се предадар, сакаат да одиграат максимално, па доколку им се отвори шанса и да дојдат до изненадување. Вака размислува дефанзивецот, Никола Маркоски, еден од најискусните во нашите редови.
„Мораме одиграме најдобро, ќе дадеме се од себе да оствариме добар резултат. Тешко е да се изненади една Франција која е фаворит за медал, но не треба да ја губиме желбата и мотивот. Останува да одиграме во ист стил како целиот шампионат. Не се знае никогаш, можеби ќе бидат опуштени бидејќи се пласираа во четвртиналето, па ќе можеме да го искористиме тој момент“, изјави Никола Маркоски.
Мечот меѓу Македонија и Франција е закажан со почеток во 20:30 часот.