Вториот предуслов за да македонската ракометна репрезентација се надева на пласман во 1/4 финалето на Светското првенство не се исполни. Катар, предводен од Веселин Вујовиќ беше поразен од Унгарија со 23-29, која со победата завери место во Топ 8.
На Кирил Лазаров и неговите избраници им останува една задача против Франција. Ако не се случи чудо, не треба да загубат девет и повеќе разлика. Само на овој начин ќе можат да останат на четвртото место на табелата.
Во едно вакво сценарио, Македонија на крајот ќе се пласира од 13. до 16 место, пред одигрувањето на утрешните мечеви од главната рунда, наверојатно ќе биде 15-та.
На втората средба во истиот термин, Данска на сметка на Чешка ја продолжи доминацијата, славеше со 28-22.