Нов кикс на “јорганџиите“, само бод со Виљареал среде Мадрид!

112

По поразот од Легањес во минатото коло во Ла Лига, денеска во меч од 21.коло на свој терен одигра само 1:1 против Виљареал. Значи четата на Чоло Симеоне на два меча по ред не може да дојде до победа и освоен е само еден бод од можните шест. Дали со ова реми Атлетико полека, но сигурно заостанува во битката за титулата.

Добрите гости во водство дојдоа со голот на Морено во 29.минута. Со тие 0:1 се замина на пауза.

Во второто полувреме, со голот на Лино во 58.минута “јорганџиите“ го израмнија резултатот на 1:1. И кога се очекуваше домашните да тргнат со сите сили до победа, таа очекувана агресија како да ја немаше, па затоа на крајот мораа да се задоволат само со бод.

ПретходноЛиверпул рутински против Ипсвич, Калафиори за радост на Арсенал
СледноМечот меѓу Вардар и Шкупи е одложен за утре!