ОФМ на Генералното собрание на БВА, Малта бара прием во балканското семејство

72

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски присуствуваат на 26. Генерално собрание на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), кое ќе се одржи денеска во Тирана, Албанија.

Актуелниот претседател на БВА и на Албанската одбојкарска федерација, Ерлинд Пељумби ќе претседава на Собранието, на кое покрај претставниците на единаесетте земји – членки на Асоцијацијата ќе присуствува и Роко Сикириќ, претседател на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Агендата на Генералното собрание ќе вклучува извештаи за активностите на БВА во 2024 година, финансиски извештај, како и дефинирање на натпреварувањата во одбојка и одбојка на песок во 2025 година, како и можните организатори.

Еднa од најинтересните точки на дневниот ред е разгледувањето на апликацијата на Одбојкарската федерација на Малта за влез во балканското одбојкарско семејство.

ПретходноКизиќ пред Франција: Треба да влеземе борбено, не смееме да ги прецениме!
Следно„За 200 години, ако човештвото опстане, ќе се зборува за Новак Ѓоковиќ!“