Од денеска и ОФС Куманово им се придружи на останатите ОФС во Македонија со поддршката за Масар Омерагиќ. Во пресрет на Собранието на ФФМ на 15 март, на кое повеќе од сигурно е дека актуелниот претседател на Фудбалската федерација ќе добие нов, целосен мандат, делегатите на овој ОФС си го искажаа својот став.
А тој е дека на денешното Собрание на ОФС Куманово, тие му ја дадоа максималната поддршка претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.