Попладнево дел од нашите прволигашки и второлигашки клубови одиграа пријателски натпревари. Шкупи на првиот свој меч одигран во Анталија беше поразен од Полонија (Полска) со 0:2.
Во Штип се сретнаа старите ривали, Брегалница и Тиквеш. Поуспешен беше второлигашот кој победи со 2:1. Стрелци на головите беа Бабунски и Фејзулахи за домашните и Михаљевиќ за гостите од Кавадарци.
На останатите мечеви беа постигнати следните резултати:
Охрид – Земун (Србија) 1:2, Шкендија (А) – Башкими 2:0, Арсими – Борец 3:3, Беласица – Детонит 1:2 со двата гола на Дамјан Масевски.