Вечерва во натпревар од 15.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Работнички како гостин успеа да триумфира против Чаир со 95:102.
Гостите од Градски парк и тоа како подобро го отворија овој натпревар ако се знае дека таа прва четвртина ја добија со резултат 27:34. Во вториот период не само што ја задржа предноста, туку и ја зголеми, па така со +98 поени замина на пауза.
Во второто “полувреме“ домашниот состав се обидуваше да ја достигне разликата. И успеа да ја намали со резултат од третата четвртина 25:20 за себе.
И во последната четвртина се водеше голема борба, сепак Работнички знаеше како умешно да дојде до победата за конечни 95:102.
Ова беше деветтата победа за Работнички и седмиот пораз за Чаир.
Кога сме кај поентерите, Диванте кај домашните реализираше 34 поени, додека кај Работничкио најдобар стрелец беше Ефремовски со 29 поени.