Ретеги со два гола за пресврт и победа на „Божицата“ во Комо

32

Фудбалерите на Аталанта ја прекинаа серијата од четири натпревари без триумф во италијанското првенство, откако со пресврт славеа во натпреварот од 22. коло во Серија А на гости кај Комо со 2:1. Во натпревар кој немаше многу прилики во првото полувреме, домашните поведоа со гол од пенал преку Нико Паз.

Ггостите од Бергамо целосно потфрлија, но во вториот дел се вратија со полна сила. „Божицата“ израмни во 56. минута со голот на Матео Ретеги, кој во 70. минута со својот втор гол го донесе комплетниот пресврт и трите бода за тимот од Бергамо.

ПретходноВо Штип одржан судиски семинар за одбојкарските судии и делегати
СледноСтруга ТЛ со прв пораз во Анталија, Брера ремизираше со Марек!