Рушевиќ повторно во дресот на Работнички

278

28-годишниот напаѓач Анес Рушевиќ се врати во дресот на Работнички. Српскиот интернационалец кој зимата 2022 година пристигна во тимот на „романтичарите“ каде остана повеќе од една година, сега повторно е во таборот на „Херојот од Дебар Маало“.

Како што потврдија од Работнички, Рушевиќ се враќа во Работнички откако ја заврши соработката со босанскиот состав Зрињски. Рушевиќ ќе биде одлично засилување за нападот на тимот на Горан Станиќ.

ПретходноПријателски: Шкупи поразен од Полонија во Анталија, Брегалница го победи Тиквеш во Штип!
СледноВо Штип одржан судиски семинар за одбојкарските судии и делегати