Струга ТЛ со прв пораз во Анталија, Брера ремизираше со Марек!

256

Струга ТЛ во својот трет контролен меч во Анталија, денеска го доживеа првиот пораз и тоа од силниот тим од Русија, Рубин Казањ. По ремито со Дебрецин и победата над Корона, четата на стратегот Ќатип Османи денеска во Анталија претрпе пораз од Рубин Казањ со 0:1.

Ова е првиот примен гол за нашиот шампион во текот на овие зимски подготовки. Како што е познато во тимот, по повредите, се вратија и клучните играчи Буњамин Шабани и Бесмир Бојку.

Брера пак се тестираше со бугарскиот тим Марек, на крајот резултатот гласеше 2:2. Стрелци за струмичанио беа Талески и Ристов.

ПретходноРетеги со два гола за пресврт и победа на „Божицата“ во Комо
СледноХоландија и Австрија одиграа без победник: Еве што и треба на Македонија за да заврши на 4-место!