Фабрис Тамба со трансфер од Шкупи во Шкендија?!

415

Шкендија оваа зима ќе добие засилување од Чаир, од Шкупи. Имено Фабрис Тамба, напаѓачот од Сенегал е пред потпис со тетовскиот клуб. Како што дознаваме остануваат да се договорат само деталите и тој да биде промовиран.

Инаку Тамба во Шкупи во есенскиот дел настапи на 12 меча и постигна три голови. Најдобар меч му беше оној во Струга каде речиси сам го победи шампионот.

Тамба има 21 година, може да игра на сите позиции во нападот а пред да дојде во Македонија, во август минатата година, беше член на неколку португалски екипи како Б- екипите на Брага и Беира Мар.

ПретходноКарачиќ: Исланд го добивме вечерта пред мечот, како и зошто не откривам!
СледноЖалосна вест: На 73 години почина легендарниот Дражен Далипагиќ!