Холандија и Австрија одиграа одличен меч во Вараждин Арена, кој е прв на програмата во нашата група 2. Овој дуел заврши без победник 37-37. Овој резултат е важен за Македонија, сега Австрија има ист број на бодови (по 4) колку и нашата земја, додека пак Холандија има пет бода.
Гол-разликата на крајот ќе одлучува меѓу Австрија и Македонија во битката за палсман од 13 до 16 место. Ова значи дека Македонија не треба да изгуби девет и повеќе гола од Франција за да остане четврта во групата. А после поразот на Италија може да се надева на 15-мето.
Нашата земја останува во игра за пласман во 1/4 финалето, но ќе и треба победа над Франција, но и пораз или реми на Унгарија со Катар.
Првото полувреме им припадна на „лалињата“, имаа два гола позитива (19-17), кои ги одржуваа и во второто полуреме, во 38-та минута беше 22-20, Тен Велде не искористи шанса за да и донесе водство на својата земја од три гола. Оваа разлика, Холандија ја имаше до 48-та минута кога Австрија со два гола во низа го превзем водството 28-29 за неизвесна завршница. На нецели осум минути до крајот, Холандија загуби топка, на другата страна Австрија не го искористи овој подарок, па беше казнета. Смитс и Стејнс ја вратија својата репрезентација на 34-33 во 55-та минута. Драмата продолжи, Фримел од седум метри ја врати минималната предност на Австрија, 35-36, а потоа во последниот напад за 36-37. Ферштајнен изедначи на 37-37, остана време за Австрија, но дуелот заврши без победник.
На вториот меч од истиот термин, но од групата 1, Швајцарија славеше убедливо против Италија 25-33.