Ѕвездената Франција пресилна, Македонија се избори за пласман од 13. до 16 место на СП (ФОТО)

936

Франција на дело покажа зошто и на ова Светско првенство е еден од кандидатите за медал. Против Македонија ја оправда фаворитската улога, славеше со 32-25 (18-14) на последниот меч од главната рунда во нашата група 2. Кирил Лазаров и неговите момци кои имаат право да бидат горди, бидејќи пласманот на овој шампионат ќе биде од 13-до 16 место.

Македонски фанови имаше и на оваа средба, тие цел меч навиваа, уште еднаш ги поздравија добрите игри на ракометарите од изминатите денови.

Митревски запиша 11 одбрани, Галевски две. Кузмановски со осум гола беше прв стрелец. Зад него беше Митев со четири гола.

Нашите момци се обидуваа да му парираат на ѕвездениот состав, се држеа до средната на првото полувреме, по кое имавме негатива од четири гола (18-14) и три нерализирани удари од седум метри. Видовме возбудливи 15 минути. Македонија отвори со голот на Митев, кој во првите пет минути постигна три од вкупните четири за Македонија. По последното водство од 4-5, нашите ракометари направија техничка грешка, а противникот казни.

Франција за првпат поведе во 6-та минута со 5-4. Кузмановски израмни (5-5), а подоцна Македонија не искористи играч помалку и удар од седум метри. На другата страна стигна казна, серија од 3-0 за „триколорите“ и водство од 8-5 во 12-та минута. Со две одбрани на Митревски, нашата репрезентација се врати на минус еден (8-7), а потоа успеа да израмни на 9-9 (Кузмановски+Костески) на средината на второто полувреме. Од овој момент, Франција направи серија од 6-1 и поведе со 15-10 во 21-та минута, во меѓувреме противничкиот голман, Де Боне успеа да одбрани нови два седмерци.

Митревски ја запиша четвртата одбрана, Серафимов и Петар Атанасијевиќ успеаја да одговорат реализаторски за 15-12. Сепак, ова не беше доволно за да се приреди нов пресврт, имавме два промашени пенали, Де Боне беше одличен на голот. На одморот резултатот беше 18-14.

После десет минути игра во второто полувреме, Франција поведе со 23-16. И на оваа средба на момент судиите, чудно, но вистинито беа наклонети кон противничките ракометари. Избраниците на Кирил Лазаров се бореа, но беше тешко да се сопре фаворитот. Во една цврста одбрана на противникот, Пешевски успеваше да ја држи Македонија до посакуваната разлика, на средината на второто полувреме беше 24-20, беше и 26-22.

Митревски колку и да се обидуваше да не држи во игра, Франција не застануваше. Во 52-минута резултатот беше 29-23. На оваа средба дебитираше Иван Галевски, кој одбрани еден од двата удари на противникот од седум метри, а потоа зад своето име ја запиша и втората одбрана. Финишот беше навистина неизвесен, од аспект на крајната разлика која за Македонија и тоа како беше важна. Кузмановски од седум метри постигна важен гол за 31-25 и потври дека „црвено-жолтите“ ќе останат на четвртото место во групата.

ПретходноОФС Куманово со порака: Максимална поддршка за Масар Омерагиќ!
СледноМитев по втор пат играч на натпреварот!