Тага до небо кошаркарскиот свет, посебно на овие простори. Имено на 73 години почина Дражен Далипагиќ, легендата, иконата на кошарката во екс – Југославија и на овие простори.
Можеме да се пофалиме дека Праја беше тренер и на МЗТ Скопје во 1998-1999.
Сепак Далипагиќ беше попознат како кошаркар на Партизан, беше дел од та дуо Кичановиќ – Далипагиќ, беше дел од најдобрата репрезентација во историјата во екс – Југославија која во 1973, 1975, 1977 беше европски првак, во 1978 беше светски шампион а во 1980 во Москва и олимписки шампион.
Далипагиќ заедно со Кичановиќ, Славниќ, Ќосиќ, Јерков, Делибашиќ и опстанатите просто ја направи Југославија неппбедлива во тие години од минатиот век.
Праја беше омилен лик во светот на кошарката, беше непогрешлив стрелецм еден од првите кои забиваше во екс – Југославија, беше икона на кошарката.
Почивај во мир, Праја!