Лазаров: Голема благодарност до Мукаетов! Бевме заедно во добрите и во лошите моменти, но тоа само направи да бидеме уште поупорни и да успееме!

1790

Македонската ракометна репрезентација одигра над своите можности на Светското првенство кое за нас заврши. Нашите момци запишаа две победи, две ремија и два порази, на крајот според сите пресметки ќе завршат на 15-та позиција.

Селекорот Кирил Лазаров и неговите момци направија одлична работа, одиграа борбено и повторно ја направија Македонија да биде горда. Процесот на созревање беше тежок, на изминатите шампионати Лазаров беше мета на бројни критики. Но, и покрај тоа, тој, благодарение на поддршката на првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, ја продолжија својата мисија за подобро утре на македонскиот ракомет. Нивната упорност на ова Светско првенство ја видовме на дело. Муакетов на 1. март ја заршува својата мисија на чело на РФМ, беше 12 години дел од македонскиот ракомет и постави високи стандарди.

 

ПретходноЛазаров: Треба да бидеме задоволни, честитки за играчите, останува горчина дека можевме повеќе!
СледноЛазаров ги откри своите планови за селекторското место!