Мечот меѓу Вардар и Шкупи е одложен за утре!

178

Нема кошарка вечерва меѓу Вардар и Шкупи. Ова е меч од 15.коло кој требаше да се одигра од 18 часот, но тој не ни започна и е одложен за утре.

Како што и се очекуваше, а како што и најавија од КФСМ, мечевите во малата сала на СРЦ Кале нема да се играат се додека некои технички работи не се доведат во ред. Поточно записничката маса не е на пропишаното место, а досега се играа натпревари во оваа сала.

Инаку утрешниот меч меѓу Вардар и Шкупи ќе се игра утре во салата “Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода.

ПретходноНов кикс на “јорганџиите“, само бод со Виљареал среде Мадрид!
СледноМекиќ и натаму ќе игра во Бора