Митревски: Да ги добиевме тие два нерешени резултати, сега ќе бевме во 1/4 финале, а ова ќе беше дуел за 1. место!

968

Никола Митревски зад себе има уште еден добар меч на ова Светско првенство. Против Франција запиша 10 одбрани. Искусниот репрезентативен голман жали за двете пропуштени шанси против Унгарија и против Австрија. Македонија со победа на двата меча ќе играше за прво место во групата, а ќе имаше веќе чекирано четвртфинале на Светското првенство. Иако за пофалба е целокупниот пласман, сепак вели дека мора сите да научат да се борат и да веруваат во себе до крај.

„До колку не беше Франција или Данска, поритв скекого друг би имале далеку поголема шанса. Овие две селекции се знае дека се главни кандидати за титулата. Се обидовме да одиграме, и иако тие и немаа некој императив за победа, таков тип на играчи како Французите, никогаш не се откажуваат, трчаат, играат, сакаат да победат.

Се бореа иако веќе го имаа обезбедено првото место.  Одигравме солиден натпревар, видовме и сами, дека секоја наша грешка, ја казнуваа со контра напад со транзиција. Треба тоа на сите нас, без разлика на кој спорт да се однесува, да го научиме и да го запомниме за во иднина. Имавме време да се одмориме по секој натпревар. Да имаме ден слободен. Можеби подигнавме нивото, да, но ни фалеа детали на овој турнир за да го видиме и тоа четвртфинале. Да ги добиевме тие два нерешени резултати, сега ќе бевме во четвртфинале, и овој дуел ќе беше борба за прво место. Тоа е она што мораме да го научиме како селекција, како нација, да веруваме во себе. Да се бориме против секој. Бидејќи видовме тука дека можеме против секого“, изјави Митревски. 

ПретходноФилип Кузмановски: Горд сум на овие момци, дадоа се од себе за Македонија!
СледноМбапе со хет трик го „сруши“ Ваљадолид