Фудбалерите на Астон Вила можат да бидат среќни што извлекоа бод на домашен терен против екипата на Вест Хем во мечот во кој одиграа нерешено 1:1 вечерва на „Вила Парк“ во Бирмингем.
Астон Вила поведе во осмата минута со голот на Ремзи и до крајот на полувремето остана во позитива. Во вториот дел гостите од Лондон ја имаа првата сериозна прилика во 53. минута преку Лукас Пакета, кој за малку промаши. Во следниот напад „чеканите“ бараа пенал, кој судија не го досуди.
Вест Хем израмни преку Емерсон Палмиери во 70. минута, а „чеканите“ можеа да направат и целосен пресврт на десет минути пред крајот, но ударот на Дени Ингс помина покрај голот.
Во седмата минута од судиското надополнување Вест Хем ја затресе мрежата на Астон Вила, но голот не беше признат поради офсајд.