Барса и даде 7 гола на Валенсија, Столе повторно на клупата

442

Екипата на Барселона ја уништи екипата на Валенсија со 7:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го проследи натпреварот од клупата за резерви и не доби шанса да му помогне на својот тим кој е во сериозни проблеми.

Барса уште во 3-тата минута преку Де Јонг ја најави катастрофата која и се спремаше на Валенсија. Во 8-мата и 14-тата минута стрелаа Феран Торес и Рафиња, а во 24-тата минута погоди Фермин. До крајот на првиот дел Фермин постигна уште еден погодок и ја комплетираше „петардата“ на Барса за само едно полувреме. Во второто полувреме Хуго Дуро постигна гол во 59-тата минута, но набрзо Барселона ја зголеми својата предност преку Левандовски во 66-тата и во 75-тата минута со автоголот на Тарега.

Со овој триумф Барса остана на 3-тото место со 42 бода, а Валенсија исто така остана на 19-тото место со само 16 освоени бода.

ПретходноФиорентина го „освои“ Олимпико и ја прекина серијата од 7 меча без победа
СледноПотврден најголемиот трансфер во женскиот фудбал