Вардар денеска од 14 часот ќе го одигра својот втор контролен натпревар од подготовките во Анталија. Ривал на „црвено – црните“ ќе им биде тимот на Ибериа, инаку шампион на Грузија. Секако дека тоа ќе биде силен “тест“ за момците на стратегот Гоце Седлоски, но така и треба. Само низ вакви натпревари со силни противници може да се дојде до потребната и посакувана форма за тоа што нашиот најтрофеен клуб го чека во пролетниот дел.
Вардаци покрај тоа што играат пријателски средби во Анталија, засилено работат и низ тренинзи на воигрување на тимот. Атмосферата е одлична, се работи напорно.
За потсетување, Вардар на првата средба низ добра игра беше поразен од тимот на Септември и тоа минимално со 0:1. Во меч во кој вардарци не искористија повеќе шанси.
Како што е најавено. Овој натпревар ќе биде следен и од селекторот Благоја Милевски, кој веќе неколку денови е во Анталија.