Тимот на Вардар предмалку го одигра вториот пријателски дуел на подготовките во Анталија. Противник беше тимот на Ибериа од Грузија, а мечот заврши без голови 0:0.
Вардар имаше повеќе од играта особено во првиот дел, кога имаше ситуации преку Босанчиќ, Талески и Омерагиќ кој шутираше со глава преку голот.
Во второто полувреме тренерот Гоце Седлоски излезе со комплетно нова постава, а противникот особено во вториот дел речиси и да не се закани.
Шанса добија поголемиот дел од играчите кои што се во ростерот на Вардар во моментов.