Денеска завршува главната главната рунда од СП 2025. Остануваат само уште некои дилеми, а едната од нив е дали Хрватска ќе се пласира во елиминациската рунда. За да дојде до тоа, еден од домаќините на овој Мундијал ќе мора да слави над Словенија во меч кој се игра од 20.30 часот во Загреб.
Нема веќе калкулации, Хрватска мора да ја победи Словенија како знае и умее. На Словенците овој меч ништо не им значи, но кога играат против соседите секако дека и тие си имаат свои сметки.
Се очекува Португалија со победа над Чиле да го завери првото место во групата-3, додека Бразил против Шпанија може да игра и со втор состав ако се знае дека оваа селекција уште минатото коло стави печат на пласманот меѓу најдобрите осум селекции во светот.
Во Осло играат Норвешка и Шведска, ама кого тоа го интересира ако се знае дека и двете селекции ги загубија сите шанса за четвртфиналето.
Ова се двојките од денешните натпревари на СП: