Интер го „растури“ Лече и остана во чекор со Наполи

51

Интер го декласираше Лече на гости со 4:0 и остана на три бода зад Наполи на чело на Серија А лигата, но со меч помалку. Момците на Симоне Инзаги поведоа во шестата минута со голот на Фратези, па во 39. минута Лаутаро Мартинез постигна фантастичен гол за 0:2.

Лаутаро во 57. минута со пета асистираше за Дамфрис кој погоси за 0:3, а иранскиот напаѓач Мехди Тареми од 11 метри погоди за конечни 0:4 во 61. минута.

ПретходноШампионот му нанесе прв домашен пораз на МКК Куманово
СледноМерсон: Аморим веќе жали што се нафати да го води Манчестер Ј.