Екипата на Лестер приреди изненадување откако попладнево на гостински терен успеа да слави кај тимот на Тотенхем со конечни 1:2.
Иако домаќинот поведе со голот на Ришарлисон во 33. минута од мечот, сепак, домаќинот на крајот остана со прази раце.
Џејми Варди во првата минута од вториот дел погоди за 1:1, а само четири минути подоцна Ел Канус го доведе Лестер во водство од 1:2.
Од друга страна пак со идентичен резултат од 1:2, заврши и дуелот помеѓу Кристал Палас односно Брендфорд. Гостинот преку Мбеумо во 66. минута дојде до предност, Шаде зголеми на 0:2, а конечниот резултат го постави Есе во 85. минута.