Одбојкарската федерација на Малта е примена во Балканската одбојкарска асоцијација на Генралното собрание кое викендов се одржа во Тирана, Албанија. На Собранието учествуваа 10 од 11 земји членки, а претставници на Одбојкарската федерација на Македонија беа претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски.
Одбојкарската федерација Малта во иднина ќе може да учествува со свои репрезентации во натпреварувањата под капата на БВА. На Собранието беа дефинирани летните првенства во одбојка и одбојка на песок чии учесници и организатори ќе бидат потврдени до крајот на февруари 2025 година.
Членовите на Собранието едногласно одлучија канцеларијата на БВА од Истанбул да се пресели во Белград, Србија, а за нов претседател на БВА е избран Милутин Поповиќ од Босна и Херцеговина.