Македонија и дефинитивно имаше успешен Мундијал. Нашите ракометари завршија на 15-тото место, пласман кој е многу подобар од очекувањата во јавноста. Сите сме сложни ако имавме барем малку среќа против Унгарија и Австрија, беше уште подобро.
По последниот меч со Франција, свој коментар имаше и Мартин Серафимов:
„Ако говориме за игрите и за пласманот, јасно е дека тој е многу подобар од оние во претходните години и задоволен сум поради тоа. Сепак, секогаш велам дека секогаш може подобро, тоа се однесува и на овој шампионат, на кој имавме шанси за уште поблескави резултати. Така беше и против Франција, не можеме да сме задоволни по еден ваков пораз. Искрено верувам дека имавме капацитет за посериозен отпор, зошто да не и да се бориме за реми или за победа. И Французите се само луѓе од крв и месо, иако е тоа одлична репрезентација верувам дека ако ние одигравме максимално можевме да им создадеме проблеми. Сепак, премногу грешевме, а тие се ривал што знае да казни такви ситуации. Ќе извлечеме поуки и верувам дека ќе бидеме уште подобри во наредниот период“, истакна Серафимов по синоќешниот дуел со повеќекратните светски и олимписки прваци.