Мерсон: Аморим веќе жали што се нафати да го води Манчестер Ј.

1157

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Астон Вила, како и некогашен англиски репрезентативец, Пол Мерсон, вели дека Рубен Аморим веќе жали што се нафати да го води Манчестер Јунајтед.

„Овој човек има 39 години. Видете, некои луѓе ја завршуваат фудбалската кариера на 38 години. Тој е млад и веќе работи како тренер. Добро се снајде во Португалија, отиде во еден од најголемите клубови во светот – не во најдобриот тим, туку во еден од најголемите. И тешко му е. Има притисок врз него. Очигледно некој му рекол дека треба малку да се повлече и да почне малку да се обвинува себеси. Не можам да замислам каде ќе води сето ова. Мислам дека Аморим длабоко во себе размислува: „Дали вредеше да ја преземам оваа работа?“, вели аналитичарот на „Скај Спортс“.

ПретходноИнтер го „растури“ Лече и остана во чекор со Наполи
СледноПелистер тргна победнички со новиот стратег