Манчестер Јунајтед и повеќе од една деценија не е тоа што беше и што треба да биде. По заминувњето на Алекс Фергусон, клубот не само што не знае што е титула, туку прави и неверојатни киксови кога станува збор за трансферите.
Еве само еден пример како тоа го прави Јунајтед.
Во 2020 година од школата на Реал Мадрид беше земен Алваро Карерас. Сепак тој не успеа да се наметне на “Олд Трафорд“, а реално и не добиваше шанса.
Кога минатата година се јави Бенфика да го земе на позајмица, а потоа и да го откупи за 6 милиони евра, во Јунајтед не се двоумеа, веднаш Карерас замина во Лисабон.
И што се случи? Шпанакиот дефнзивец почна да игра, и тоа како да игра квалитетно во дресот на португалскиот гигант, па така сега Јунајтед планира да го врати Карерас и за тоа има намера да плати 20 милиони евра.
Па, зарем е можно?