На собранието на ОФС Кочани кое што беше одржано викендов, делегатите, и воедно раководството на истото му даде безрезервна поддршка на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, госпидинот Масар Омерагиќ.
Во тек се редовните собранија на сите Општински фудбалски сојузи кои пак се претходница на Собранието на Фудбалската Федерадија на Македонија кое е закажано во месец март, а сите досега до едно му изразија поддршка на претседателот Омерагиќ.
Тој на Собранието во март и официјално ќе биде единствениот кандидат за претседател, а по неговото изгласување ќе му биде доделен и четиригодишен мандат.