Кошаркарите на Пелистер предводени од новиот стратег на тимот Ненад Трајковиќ тргнаа со победа во рпдоолжението на сезоната во Првата Мтел лига. На домашен терен, битолчани се намачија, но успеаја да дојдат до победа над Гостивар со 89:78.
Мечот многу подобро почна за гостите, кои во првото полувреме беа во предност (46:55). Во вториот дел дојде една фуриозна трета четвртина за „зелните“, кои успеаја комплетно да се вратат во игра, а до крајот да направат и предност која значеше победа.
Бојиќ со 26 поени беше лидер во домашниот тим, додека Антоан постиугна 17. Кај екипата на Гостивар, Елис со 18 и Грушановиќ со 15 поени беа најефикасни.