Манчестер Сити вчера и покрај тоа што имаше 0:1 на дербито со Челзи, сепак на крајот успеа да го сврти резултатот и да триумфира со 3:1. Во тимот на Пеп Гвадиола дебитираа Абдукодир Хусанов и Омар Мармуш. Токму првиот, инаку млад Узбекистанец, направи кикс уште на стартот од мечот по што Челзи поведе со голот на Мадуеке.
По мечот стратегот на “граѓаните“ Пеп Гвардиола како по обичај го бранеше својот играч.
“Не му беше лесно.Тренираше само еднаш со нас и веднаш заигра против Џексон, Мадуеке, Санчо. Кога ќе купиш така млад играч ќе мора да почекаш тој да се адаптира во твојот тим. Инаку тој не знае англиски, засега не можам да комуницирам со него. Ќе морам да почнам да учам руски или узбекистански“ изјави Пеп.
Инаку Хусанов дојде во Сити и тоа од Ленс за 40 милиони евра.