Познати четвртфиналните двојки: Кој против кого за полуфинале на СП 2025?

1273

Со одигрувањето на дуелот Хрватска – Словенија, вечерва и официјално станаа познати сите патници во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Хрватска и египет последни се приклучија меѓу селекциите кои ќе се борат за медалите, а откако вечерва беше утврден и конечниот пласман во сите четири групи од главната рунда, познати се и четвртфиналните двојки.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА СП 2025

ВТОРНИК, 28 ЈАНУАРИ

Франција – Египет

Хрватска – Унгарија

СРЕДА, 29 ЈАНУАРИ

Португалија – Германија

Данска – Бразил

Термините во кои ќе се одиграат мечевите дополнително ќе ги објави ИХФ.

ПретходноХрватска ја доби битката со Словенија за четвртфинале на СП 2025
СледноФиорентина го „освои“ Олимпико и ја прекина серијата од 7 меча без победа