Екипата на Шкендија на подготовките во Анталија на денешниот контролен натпревар против екипата на Елимаи од Казахстан загуби со 0:3.
Дуелот се одигра во Белек, а Шкендија уште на полувреме губеше со 0:1. Во вториот дел противникот погоди уште два пати во мрежата на нашиот тим, за конечни 0:3.
Головите за тимот на Елимаи ги постигнаа Мулиќ, Муртезаев и Свиридов.
На овој меч како и на мечот помеѓу Вардар и Ибериа кој се играше порано денеска, присуствуваше селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.