Американската фудбалерка Наоми Гирма направи трансфер во Челзи вреден повеќе од еден милион евра, со што постави нов рекорд во женскиот фудбал.
Оваа 24-годишна одбранбена фудбалерка потпиша четири и пол годишен договор со лондонскиот клуб, а претходните сезони настапуваше за Сан Диего. Според британските медиуми, Челзи за неа плати 1,1 милион американски долари или околу 1,05 милиони евра.
Претходниот трансфер рекорд во женскиот фудбал го држеше американскиот тим Беј ФЦ, кој ја донесе Замбијката Рејчел Кундананџи за околу 825.000 евра.